
Наша приказна - Наша визија
*АБРИГЕЛ ДООЕЛ* Скопје е млада компанија со голема визија, зад која стои долгогодишно искуство, познавање на пазарот и силна желба на македонскиот пазар да му понудиме нешто поинакво – *вистинско премиум гурманско искуство* . Веруваме дека и Македонија заслужува пристап до производи со врвен квалитет, автентичен вкус и светски стандарди. Нашата цел е да ги следиме современите светски гурмански трендови и најдоброто од нив да го донесеме поблиску до македонските потрошувачи. *Нашиот избор – TARTUFI SR.* Со посебно внимание го избравме TARTUFI SR, бренд посветен на светот на тартуфите и премиум гурманските производи. Приказната на TARTUFI SR започнува од семејната традиција и долгогодишното познавање на тартуфите, со визија српските тартуфи и нивниот квалитет да добијат заслужено место на светскиот пазар. Денес брендот нуди внимателно одбрани производи од црн и бел тартуф, вклучувајќи тартуфати, масла, соли и други гурмански специјалитети. Нивната посветеност кон квалитетот е потврдена и преку официјални сертификати за производите, додека внимателната селекција и преработка имаат за цел да го зачуваат карактеристичниот вкус и арома на тартуфите. Нашата мисија е едноставна: да ви овозможиме да уживате во врвни производи од тартуфи и да внесете доза на светска гурманска култура. Премиум квалитет. Автентичен вкус. *Избрано за Македонија.*